Македонците, како никој, веројатно во Европа, разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, за својот јазик, за својата култура. Токму тоа го доживуваме ние сега. Русија ја мрази не само соседната држава Украина, Русија го уништува украинскиот идентитет, го мрази и сака да го уништи украинскиот јазик, сака да ја уништи Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.
Тој на заедничката прес-конференција во Киев со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој беше во посета на Украина, посочи и дека се надева оти Македонија ќе ги признае руските злосторства како геноцид врз украинскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реотворена македонската Амбасада во Украина
Фото: МНР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.