еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија го зголеми бројот на војници на Косово

Владата донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.

Со одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Македонија во операцијата „КФОР“ во Косово со дополнително испраќање на еден вод од 35 лица.

Одлуката, како што велат од таму, е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Косово.

За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од  шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година.

Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој ќе учествуваме во операцијата „КФОР“ во Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на Македонија.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат закони за изградбата на коридорите 8 и 10д

Редакција

(Видео) Заев за Прочка: Им простив на луѓето кои држеа пиштол, веројатно немаа храброст и чиста мета

Редакција

„Тази датум не е датум“: Твитер реакции по средбата на Заев со Меркел

Редакција