Владата во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Македонија и Грција, донесе одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата во поддршка на гасење на пожари, во Грција.
Како што соопштија од владината прес – служба, се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар.
– Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана – Генералштабот на Армијата на РС Македонија, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: АРМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.