еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Македонија на лечење“: Диазепамот меѓу трите најкористени лекови

Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување преку аптеките бележи континуиран раст во изминатите години.

Во 2019 година на товар на ФЗОРСМ во ПЗУ аптеките биле реализирани вкупно 24.303.214 рецепти во износ од 2.820.052.202 денари, покажуваат податоците од годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување кој е доставен до Собранието.

Во споредба со претходната година во 2019 година бројот на рецепти е зголемен за околу 2,7%, a вкупниот фактуриран износ е зголемен за околу 0,7%.

Во однос на 2008 година, потрошувачката по број на рецепти бележи раст од 136,3%, а вкупниот износ за истите е зголемен за 113,8%.

Како во изминатите години, и во 2019 година на прво место по бројот на реализирани рецепти се лековите за кардиоваскуларниот систем. Лековите од оваа група бележат постојан раст.

Во 2019 година се реализирани приближно 10,48 милиони рецепти што во споредба со претходната година претставува зголемување за околу 1,8% во бројот на рецепти за оваа група на лекови.

На второ место, според бројот на реализирани рецепти, се лековите со дејство на дигестивниот тракт и метаболизмот. Во 2019 година оваа група бележи пораст од околу 6,9% во однос на 2018 година.

Лековите со дејство на централниот нервен систем се на трето место според бројот на реализирани рецепти, за разлика од изминатите години кога се наоѓаа на второ место.

Најкористен лек во 2019 година, како и во претходните години е лекот „енаприл“ со приближно 2,07 милиони реализирани рецепти, што претставува 8,5 % од вкупно реализираните рецепти во 2019 година.

На второто место е лекот „метформин“, а на третото место лекот „диазепам“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за здравство вработува четири државни службеници, плата до 35.496 денари

Редакција

(Видео) Масовна евакувација на туристи и жители од Родос: Пекол е единствениот збор кој ја опишува состојбата таму

Редакција

Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин

Редакција