еМагазин
Image default
Бизнис

Македонијатурист ја зголеми добивката

Македонијатурист АД Скопје во првите шесте месеци од 2018 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 56,08 милиони денари, која е за 22% поголема во однос на истиот период од претходната 2017 година или нето добивка 51,23 милиони денари која е за 22,5% поголема од истиот период во минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Вкупните приходи до 30.06.2018 година изнесуваат 181,58 милиони денари и се за 16% поголеми во однос на истиот период од претходната 2017 година, додека вкупните трошоци од редовното работење до 30.06.2018 година изнесуваат 125,50 милиони денари и се повисоки за 13% во однос на 30.06.2017 година“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со Доајен дата систем Мирослав вреден 441,3 илјади евра

Редакција

Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на „Водостопанство“ за набавка на 14 теренски возила и една лимузина

Редакција