еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонска работа: Струмичкиот карневал годинава со „специјални маски“

Треба ли надлежните во државата навремено да регираат и да забранат јавни собири по појавата на корона вирусот во Македонија е дилема која се наметнува откако организаторите на познатиот Струмички карнавел соопштија дека немаат намера да ја откажат годинашната манифестација.

Во Италија, од каде го „увезовме“ корона вирусот веќе наголемо се откажуваат спортски натпревари или се одржуваат без публика, се откажа карневалот во Венеција, а голем број фирми им порачаа на вработените да работат од дома додека не стивне заразата од вирусот.

Кај нас, засега нема најави за откажување на јавни собири што покажува недостиг од свест дека е потребно „со време“ да се реагира да се спречи ширењето на корона вирусот.

Кога станува збор за Струмичкиот карневал, мора да се потенцира дека храброста е убава одлика, но често може да прерасне во глупост посебно ако се знае дека петмина лица кои се враќале од Италија заедно со првата заразена наша државјанка се токму од Струмица.

Потенцијалната опасност од ширењето на заразата во овој град веќе ја увидоа дел од учесниците, па така екипата од Белград го откажа учеството.

Македонските граѓани не треба да креваат паника за појавата на оваа болест кај нас, но сите треба да демонстрираме одговорност и заеднички да работиме да се спречи ширењето на корона вирусот.

Одржувањето на манифестации како Струмичкиот карневал нема да помогне во тоа, па дури и ако сите учесници и публиката годинава се појават со специјални маски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сабота во Струмица карневал, група со деца од Белград поради корона вирусот го откажа учеството

Патниците кои се возеле со заболената од корона вирус се во Скопје и Струмица, ќе бидат во изолација и под полициски надзор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 на крајот на судењето за „Рекет“ распали по Камчев, Кичеец, Заев, Мијалков…

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Антонио Милошоски

Редакција

Чуд(ес)ен спој помеѓу Тони Китановски и Гоце САФ, во Јавна соба во сабота

Редакција