еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вакцинирање во Врање: Македонската асоцијација на новинари обезбеди “АстраЗенека“ вакцини за 100 медиумски работници

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги повикува сите медиумски работници кои сакаат да се вакцинираат за заштита од вирусот Ковид-19, да се пријават на официјалниот емаил: [email protected], најдоцна до 19.00 часот, недела 21 март 2021 година со: име и презиме, ЕМБГ, емаил адреса и редакција, за вакцинација која ќе се изврши на 23 март 2021 година, информираат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе Македонци ќе се вакцинираат против Ковид-19 во Врање, отколку во Македонија

“На барање на МАН во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија, обезбедени ни се вакцини АстраЗенека за вкупно 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација“, велат од МАН.

Терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март 2021 година.

“Пожелно е лицата кои ќе се вакцинираат да бидат во 11.30 часот на 23 март 2021 година, вторник, во Заводот за јавно здравје Врање, на улица: Јован Јанковиќ Лунга 1, Врање (Jovana Jankovića Lunge 1, Vranje) за до 12.00 часот да се завршат административните процедури.

Ќе се вакцинираат единствено лицата кои ќе бидат официјално пријавени до МАН.

Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни“, велат од МАН.

МАН организира и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад во вторник, 23 март 2021 година.

На вакцинацијата присутни ќе бидат и претседателите на УНС и МАН.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 90 гласа „за“ Собранието ги усвои измените на Законот за минимална плата

Редакција

Како да реагирате и да се заштитите во случај на земјотрес

Редакција

„Пуцко петрол“ бара место во Одборот на директори на „Окта“

Редакција