еМагазин
Image default
Македонија

„Македонски бран“: На граничниот премин „Богородица“ за излез се чека до половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а зголемна е и фрекфенцијата на граничните премини Богородица и Табановце, информираат од АМСМ. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека од 15 – 30 минути.

На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 45 – 60 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ најавуваат прекин на сообраќајот од понеделник 27 јули до среда 31 јули на регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, во времетраење од 09:00 до 18:00 часот поради изведување асфалтерски работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска до вторник прв уписен рок за средните училишта

Редакција

За само неколку часа повеќе од 8.000 граѓани се регистрирале за вакцинација

Редакција

Седум лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 57 смртни случаи од Ковид-19

Редакција