Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за учество на земјава во мисијата на НАТО во Косово – КФОР, и го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР за распоредување на единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година, и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Република Северна Македонија во операцијата на НАТО во Косово – КФОР најдоцна до 15.12.2020 година.
Фото: АРМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.