еМагазин
Image default
Македонија

Македонските граѓани од денеска ќе можат да се вакцинираат и во Бугарија со „Фајзер“ и „Модерна“

Македонските граѓани од денеска ќе можат да се вакцинираат и во Бугарија, пишува Дојче веле.

Ваквата можност ја најави бугарската агенција БГНЕС, која објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува вакцинирање на сите македонски граѓани без ограничувања со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ против Ковид-19.

Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје, за Дојче веле потврдуваат дека вакцинацијата започнала денеска во 14 часот. Вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница.

Нема прецизни информации колкава количина на вакцини ќе бидe ставенa на располагање на македонските граѓани, но според информации од претставништвото во Скопје, станува збор за ограничена количина на вакцини од „Фајзер“ и „Модерна“.

Но, оние коишто ќе изразат желба ќе можат да се вакцинираат и со „АстраЗенека“ за којашто се обезбедени поголеми количини вакцини за имунизација.

Фото:Photo by Mufid Majnun on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во петок продолжува расправата за уставните измени

Редакција

Непреставувањето на г.г Стефан како „Архиепископ Охридски и Македонски” било ненамерен пропуст

Редакција

Нови 36 случаи на Ковид-19 од 3.569 тестирани, најмногу во Куманово 15, Скопје 7 и Тетово 6

Редакција