еМагазин
Image default
Македонија

Македонските граѓани полесно ќе може да патуваат во Австрија

Министерство за здравство на Австрија информираше дека 11 нови држави се вклучени на листата безбедни земји поврзани со пандемија на Ковид-19, со што се овозможува полесно патување на нивните граѓани во Австрија, а новата уредба важи од утре.

Полесно ќе може да патуваат граѓаните на Македонија, Албанија и Србија, а покрај балкански држави, на листата безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.

Граѓаните од овие држави во Австрија ќе може да влезат со потврда за вакцинација или негативен тест, или лекарско уверение дека прележале Ковид-19.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски на телевизија објасни како избегал, ама не кажа како ја напуштил Македонија

Редакција

24 здравствени установи имаат потпишано договор со ЕСМ продажба за субвенционирана струја

Редакција

Заев: Случувањата во опозицијата се нивни внатрепартиски работи

Редакција