„Макошпед“ АД Скопје за периодот јануари – декември 2018 година оствари добивка во износ од 7.905.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Остварените вкупни приходи за периодот јануари – декември 2018 година изнесуваат 97.823.000 денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2017 година бележат намалување за 5,2%.
Оперативните приходи изнесуваат 90.515.000 денари и бележат намалување од 7% во однос на оперативните приходи за истиот период 2017 година.
„Намалувањето на оперативните приходи во 2018 во споредба со 2017 не е резултат на намалена деловна активност, туку резултат на продажба на средства наменети за продажба во 2017 година. Оперативните приходи учествуваат со 92,53% во вкупните приходи. Финансиските приходи изнесуваат 7.307.000 денари и бележат зголемување од 31% во однос на финансиските приходи за истиот период 2017 година кога изнесувале 5.563.000 денари“, соопшти компанијата.