еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Макпетрол“: Цената на природниот гас за февруари ќе биде за 40% пониска

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа година.

„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,50 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58.40 денари за литар,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.831 денари убедливо на врвот

Редакција

Има многу барања за билатерални средби со Лавров, вели портпаролката на руското МНР, Захарова

Редакција

Починаа нови осум пациенти од корона вирусот

Редакција