еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол тројно ја зголеми добивката и за шест месеци има 65 нови вработувања

Во првите шест месеци од 2018 година, Макпетрол АД Скопје оствари добивка пред оданочување во висина од 365,8 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 341,5 милиони денари која е тројно повисока од минатата година кога за истиот извештаен период Друштвото оствари добивка по оданочување во износ од 114,7 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во овој период Макпетрол оствари вкупен приход во износ од 9,77 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 1,2 милијарди денари или приближно за 14 и.п.

Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 9,40 милијарди денари, што преставува зголемување во однос на минатата година за само 0,94 милијарди денари или 10 и.п.

Основни причини за остварената добивка се следниве: зголемената продажба на енергенси во малопродажбата, особено продажбата на светлите деривати и метанот за 2% од минатогодишната рекордна продажба и значително зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман, зголемување на приходи од продажба на странски пазар за 42% при што е постигнат позитивен нето девизен ефект од 4,953 милиони евра, зголемување на оперативната добивка за цели 253%, зголемување на приходи од вложувања, камати и курсни разлики во однос на истиот период од минатата година за 48%“, велат од компанијата.

Остварениот финансиски резултат е 128% над планираниот, а бројот на вработените лица во Друштвото е зголемен за 65 вработени поради активирање на нови и проширување на постоечки продажни објекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската ТВ-серија „Зоки Поки“ ќе се гледа во Шведска

Редакција

Детален преглед: Кои граѓани добија субвенции за печки на пелети?

Редакција

Трогателно мајчинско сведоштво: „Д-р Жан Митрев направи чудо со мојата Инеа“

Редакција