Порталот Лидер објави дека компанијата во „Опен мајнд солушнс“ каде еден од сопствениците е сопругата на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, Маја Трендафилова Макрадули, добила девет државни тендери во износ од околу 90 илјади евра, откако тој е назначен на функцијата.
Фирмата, каде неговата сопруга има 25% сопственички удел, добила тендери од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој, Јавно претпријатие за државни патишта, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност…
Макрадули за телевизијата Телма вели дека нема ништо спорно во тендерите и работењето на фирмата на неговата сопруга. Тој тврди дека оваа фирма добивала тендери и во 2010 и 2013 година за инсталирање на софтвери и додава дека министерството во кое тој работи не соработувало со оваа фирма и поради тоа нема конфликт на интереси.
Фото: Фејсбук/Макрадули