еМагазин
Image default
Свет

Малезија е загрижена поради ширењето на Ковид-19 меѓу децата, зголемен број на сериозни и смртни случаи

Малезиските здравствени власти изразија загриженост поради зголемениот број смртни случаи од коронавирусот и сериозните случаи кај деца, откако драстичното зголемување на вкупните инфекции ја принудија оваа држава во југоисточна Азија на целосен карантин.

Премиерот Мухидин Јасин прогласи „целосна блокада“ од 1 до 14 јуни, бидејќи дневните смртни случаи од коронавирусот достигнаа рекордни бројки, а Владата предупреди дека влошената епидемиолошка состојба е поврзана со заразните мутации на вирусот.

Три деца на возраст под пет години починаа од коронавирус во првите пет месеци од годинава, а ист број е регистриран и во текот на 2020 година, изјави генералниот директор на малезиското Министерство за здравство, Нур Хишам Абдулах.

Вкупно 27 деца, вклучително и 19 на возраст под пет години, морале да се лекуваат на интензивна нега во периодот меѓу јануари и мај откако биле заразени со Ковид-19, за разлика од осумте случаи минатата година.

– Министерството за здравство се надева дека сите страни, особено родителите и старателите, ќе играат важна улога во заштитата од Ковид-19 на лицата со низок имунитет, како што се бебињата и децата, истакна Нур Хишам.

Претходно, малезискиот министер за здравство Адхам Баба изјави дека вкупно 82.341 деца биле заразени со коронавирусот од јануари минатата година до 30 мај годинава.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви мерки преземаат светските економии за заштита од негативни последици предизвикани од корона вирусот

Редакција

Столтенберг: Руската војска прави воено злосторство, ова е најбрзорастечката воена криза од Втората светска војна

Редакција

Ретки случаи на крварење по употребата на вакцини на „АстраЗенека“ и на „Џонсон и Џонсон“, испитува Европската агенција за лекови

Редакција