еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мало намалување на бројот на пациенти со корона вирусот во болниците

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состојбата со активни случаи со корона вирусот по скопските општини непромента: Најмногу во Чаир, Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош…

Нови 147 заразени од корона вирусот од 1.296 тестирања, најмногу во Скопје 64

Убава вест: Регистрирани 111 оздравени пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје 56

Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 334

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР изрече 306 казни за неносење маска

Редакција

Детали за апсењето на државниот секретар: Јахи Јахија зел мито од 37.930 евра

Редакција

40-годишен полицаец од Велес убиен од неговата партнерка со нож во пределот на срцето

Редакција