еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетен ученик од Чаир вперил играчка пиштол кон ученици

Малолетен ученик вчера во основно училиште во Чаир извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, по што и го предал на директорката на училиштето, потврдија од МВР за МИА.

-Во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, вчера на пладне полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа, наведуваат од МВР.

Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, како и Центарот за социјални работи за натамошно постапување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец телесно ги повредил родителите оти не добил пари за роденден, Обвинителство бара притвор

Редакција

Украл 28 часовници од продавница на „Широк сокак“

Редакција

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Редакција