еМагазин
Image default
Локално

Малолетничка од Скопје со автомобил удрила во девојка од Битола и две паркирани возила во Крани

На 01.05.2021 во 21,00 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А.К.(21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот, информира МВР.

„Во незгодата А.К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16 годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тело на маж прегазено од возило пронајдено кај граничниот премин Долно Блаце

Редакција

Прилепчанец пронајден мртов во својот автомобил

Редакција

Скопјанец пронајден мртов во хотел во Охрид

Редакција