еМагазин
Image default
Македонија

Мартин Протуѓер позитивен на Ковид-19, рочиштето за „Титаник” одложено

Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот „Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај.

Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена, односно во тој период нема да се одржат главните расправи.

Во однос на ново настаната ситуација судијата Осман Шабани, ги задолжи адвокатите на обвинетиот Мартин Протуѓер, пред 5 ноември да го известат судот за неговата здравствена состојба.

Застапник на обвинението е Лиле Стефанова, а обвинителниот акт инициран од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), за овој предмет сомничи 20 лица за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе ја разреши Ременски од сите партиски функции

Редакција

За неколку дена ќе го имаме идентитетот на лицето кое го вееше знамето на „голема Албанија“, вели Спасовски

Редакција

Судот не го прифати барањето на одбраната на Панчевски за изземање на судијката Георгиевска и на велешкиот основен суд

Редакција