еМагазин
Image default
Локално

Масовна тепачка во кафана во Криволак

На 22.07.2020 во 19.50 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Криволак,неготинско,повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, информира МВР.

Полициски службеници од Полициска станица Неготино излегле на местото на настанот и констатирале дека по претходна расправија во угостителски објект во с.Криволак, настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица надвор од објектот.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по негово овластување бил извршен увид на местото на настанот. По целосно документирање на случајот и утврдување на идентитетот на сите инволвирани лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај: Момче од тетовско запалило банкомат

Редакција

(Фото) На Пелистер изгоре планинарската куќа „Ловечка“

Редакција

Мртво новороденче донесено на Детска клиника, мајката го родила дома

Редакција