Машки труп е пронајден во водите на реката Брегалница во близина на делчевското село Драмче.
Увид на местото на настанот извршила делчевската полиција од каде информираа дека причина за несреќата е давење.
„На 27.04.2021 во 11.30 часот во полициската станица Делчево е пријавено дека во река Брегалница на место викано „Долна Река“, атар на село Драмче, е пронајден удавен Ф.М.(63) од село Бигла, делчевско.
Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а наша екипа изврши увид на местото на несреќата“, информираа од полицијата.
По наредба на јавен обвинител како што додадоа, телото било предадено на семејството.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.