еМагазин
Локално

Мечето Теди што живее во простор од15 метри квадратни ќе добие подобри услови за живот во штипскиот ЗОО парк

Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк, ќе добие подобро живеалиште.

Според градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, пропадна обидот Теди да замине во скопската Зоолошка градина или да биде пуштен во некој од резерватите во земјава.

Стручните лица се децидни дека Теди не може да се пушти во природа. Од мал е научен на кафез и тешко ќе се прилагоди во некој од резерватите.

Мечето живее во простор од 15 метри квадратни и е најголема атракција за посетителите. Се забавува со автомобилска гума, а на овие летни горештини се разладува во када.

Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев, вели дека останатите животни имаат живеалишта според стандардите, за нив се грижат стручни лица. Имаат обезбедено храна, а добиле и пофалница за грижата и хигиената од скопската Зоолошка градина.

Во штипскиот ЗОО парк моментно живеат околу 50 тревопасни животни и птици.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓународен бизнис самит во Скопје

Редакција

Утре нов протест против пресудата за „Монструм“

Редакција

Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк во Скопје

Редакција