Весна Талевска на нејзиниот Фејсбук-профил, побара помош за нејзино лекување на рак на обвивката на белите дробови.
„Другари знам дека можете сите да ми помогнете да си го спасам живот. До сега помагав на сите, а сега сте ми потребни како никогаш до сега. Медицинска сестра сум на хирургија, која до сега помогнала на многумина, сега ми е потребна вашата помош!
Пред 3 години кога е дијагностициран канцерот на свој трошок заминав за Загреб и се беше супер до пред 2 месеци. За жал се појавува повторно на обвивката на белите дробови и затоа сте ми потребни овој пат.
Спасот за мене е во Турција, а за да можам да заминам за Турција ми се потребни 15.000 евра,“ пишува Талевска.
Телефонските броеви за донации се:
Телеком 143 104
А1 143 475
И жиро сметката на Весна: 210501604744187.