еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мермерен комбинат објави став на Одборот на директори за понудата за преземање од Долит Инвестментс

Од Мермерен комбинат АД Прилеп преку Македонската берза соопштија детали за понудата за преземање и став на Одборот на директори на Друштвото.

-Врз основа на податоците и информациите содржани во објавениот Проспект и понудата за преземање на Мермерен комбинат АД Прилеп, генералниот став на Одборот на директори на Мермерен комбинат е дека успешното спроведување на понудата за откуп ќе има позитивен ефект врз интересите на Друштвото и во таа насока го поддржува преземачот Долит Инвестментс АД во намерата за преземање на Друштвото.

Успешната реализација на плановите и стратешките цели на преземачот наведени во Проспектот и понудата за преземање ќе придонесе за подобрување на состојбата и ќе има позитивни импликации врз деловното работење на Друштвото, особено на вработените во смисла на континуираното обезбедување на работа и плата, како и нивното стручно оспособување и усовршување.

Стратешките планови на преземачот се во насока на продолжување на стабилен раст на постојните деловни активности и континуиран развој на Друштвото, велат од таму.

Одборот на директори потврдува дека се водени преговори со Долит Инвестментс во врска со давањето на понуда за преземање која се однесува на сите 193.708 обични акции со право на глас издадени од Мермерен комбинат, освен на 4.493.150 обични акции со право на глас кои веќе ги поседува преземачот Долит Инвестментс, односно 95,87% од вкупно издадените обични акции со право на глас на Мермерен комбинат, велат од таму.

Одборот на директори на Мермерен комбинат не поседуваат акции издадени од Мермерен комбинат.

-Воедно, Одборот на директори ги подржуваат стратешките цели и планови на преземачот за натамошниот развој на Друштвото, велат од таму.

Книговодствената вредност на обичните акции издадени од Мермерен комбинат пресметана врз основа на усвоените ревидирани неконсолидирани финансиски извештаи за 2021 година изнесува 565,22 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мермерен комбинат и официјално има нов сопственик

Претседателот на Одборот на директори на Мермерен комбинат поднесе оставка

Мермерен Комбинат лани со намалена добивка

Фото: Мермерен комбинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проектот за бакар „Иловица-Штука“ нема да користи цијанид и ќе донесе бенефит за македонската економија

Редакција

Европскиот суд за човекови права пресуди по седми пат во полза на Македонците во Бугарија

Редакција

Јотова дошла за Задушница, новинарите ја прашаа дали ќе оди и во Солун да чествува за загинатите бугарски војници таму

Редакција