Заменик-директорот на затворот во скопска Шутка, Садуш Арифи за телевизијата Алсат М потврди дека на 14 јануари избегал Нафи Абдиовски, осуден на осум месеци.
„Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од осум месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси три месеци.
Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата“, вели за Алсат М, Арифи.
Од МВР за телевизијата велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.
Телевизијата објави и дека Абдиовски може да се види на фотографии на социјалните мрежи со актуелни владини, но и поранешни функционери.
Фото: Унсплеш