еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Не сме против пописот, бараме реална статистичка операција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Топ тема“, изјави дека најголемата опозициона партија не е против одржувањето на пописот во Македонија и против одржувањето вистинска, реална статистичка операција, која би детерминирала како би се развивала државата.

„Но ова што сега на брза трака се става во Собранието, без учество на опозицијата и главната политичка партија на политичката сцена во Република Македонија, навистина е целосно спротивно на сето она што го слушаме од владините јуришници, од СДСМ и ДУИ, за некакви европски вредности. Ова наликува на една политичка трговија, налик на зелените пазари”, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, суштински е дека кога се отпочнува таква голема статистичка операција како пописот, логично е сите стејкхолдери на политичката сцена да бидат поканети и да земат учество.

Тој додаде дека според методологијата која е избрана треба да се попишуваат сите лица кои имаат матичен број на Македонија, но не значи дека се државјани на Македонија или пак дека се уште се живи.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70% од нивните пациенти се вакцинираат, најави Филипче

Редакција

Европската економска зона е прифатлива, но само како дополнение кон полноправното членство во ЕУ, вели Пендаровски за МИА

Редакција

Полицијата ќе врши проверки во приватни куќи каде се организираат забави и собири

Редакција