еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски повика на мирен протест во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува протестот што утре е планиран во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб именуван „Цар Борис Трети“.

Повика масовно да се излезе на протест, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти за, како што рече, „да не им се даде алиби на тие коишто се причината денес Македонија да биде во оваа ситуација“.

-Протестот е демократско право и треба да се протестира, но повикувам тој да биде мирен за да не дозволиме повторно да печалат на ваквите настани оние кои ја втурнаа Македонија во оваа ситуација, тоа е коалицијата СДСМ и ДУИ.

Повикувам масовно граѓаните да излезат и да го поддржат протестот, но истовремено апелирам тој протест да биде мирен и демократски и да не дозволиме каков било инцидент да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, а тоа се инфлацијата, криминалот, корупцијата, енергетската, финансиската криза и уште многу други проблеми со кои Македонија денес се соочува, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Не за бугарскиот Хитлер!“: Левица до ОЈО Охрид поднесе инцијатива за забрана на здружението „Цар Борис III“

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема предвремени избори, ќе сторам се за деблокирање на Собранието, вели Заев

Редакција

(ВИДЕО) Катица Јанева одговараше на новинарите џвакајќи „мастика„

Редакција

(Видео) Стартува кампања за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе

Редакција