еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски прогнозира неуспешен рефрендум

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Телма, уште еднаш го повтори ставот на партијата дека сите граѓани во Република Македонија на претстојниот референдум за името треба да постапат според сопствено убедување, слушајќи го срцето и расудувајќи според разумот.

Тој во неколку наврати избегна конкретно да даде одговор на прашањето како тој како лидер на најголемата опозициска партија ќе постапи и каков пример ќе им даде на симпатизерите и поддржувачите на неговата партија.

„30 септември ќе дојде за неколку дена и тогаш ќе го видите мојот став“, рече Мицкоски.

Според него, најголемиот дел од членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ или како што рече ќе апстинираат или ќе гласаат против, а тој прогнозира неуспешен референдум.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е принципиелна и јасна во однос на референдумот.

„Доколку референдумското прашање во себе го содржеше само Договорот од Преспа ќе стоев зад тоа што го изнесов во јуни, дека ќе излезам на референдумот и оти ќе работам на тоа граѓаните да ги убедам да гласаат против“, рече тој.

Повтори уште еднаш дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го поддржи договорот, ниту да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Истакна и дека останува на ставот дека ако референдумот биде успешен, односно биде исполнет цензусот и ако мнозинството од излезените граѓани гласаат „ЗА“, тој лично како Христијан Мицкоски тоа ќе го почитува.

Одговарајќи на прашање истакна дека извесен период немал комуникација со Никола Груевки и негираше дека работи на негова амнестија.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според „Економист“ Македонија се уште во групата на земји со „хибриден режим“

Редакција

Над 150 позитивни случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути

Редакција