еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Мицотакс убеден дека повторно ќе профункционира нафтоводот помеѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во видео пораката за време на петтиот „Thessaloniki Summit 2020“, изрази уверување дека со неговиот македонски колега ќе изнајдат договор за транспорт на природен гас и за одново отворање на нафтоводот меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

На почетокот од видео обраќањето се задржа инфраструктурата и енергија, споменувајќи и гасоводите што се во изградба, но и поврзувањето на Северна Македонија и Грција за транспорт на природен гас и за одново отворање на нафтоводот.

-Сигурен сум дека набргу, со премиерот Заев ќе се согласиме и за уште два паралелни фронта. За меѓудржавното поврзување за транспорт на природен гас до крајот на 2023, но и за одново функционирање на нафтоводот Вардакс, кој се надеваме дека набргу ќе почне одново да ја снабдува рафинеријата во Скопје што е во сопственост на „Хеленик петролеум“, истакна Мицотакис.

Грчкиот премиер изрази и поддршка за земјите од Западен Балкан на патот кон Европската унија.

-Нашата земја, имаше голема чест и тешка должност да биде првата балканска земја што се интегрираше во европското семејство. По падот на берлинскиот ѕид, се покажа како економски партнер на нејзините соседи и искрен политички сојузник на патот кон демократизацијата и отворената економија.

Грција ќе остане доследна на истиот пат, поддржувајќи ја интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија, секако со исполнети сите неопходни критериуми, истакна Мицотакис.

На панелот посветен на ЕУ перспективата на регионот на „Thessaloniki Summit 2020” вечерва, видео обраќања имаа македонскиот, грчиот и албанскиот премиер, како и европскиот комесар за соседство и проширување.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров утре на средба со Дачиќ, ќе се разговара и за отворањето на границите помеѓу двете држави

Редакција

Вучиќ на 28 и 29 јули во Скопје на Економски форум со претставници на над 175 српски фирми

Редакција

(Видео) Заедничка обука на силите за специјални операции на Македонија и Грција

Редакција