еМагазин
Image default
Македонија

Миле Јанакиески поднел претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права

Поранешниот министер за транспорт и врски  Миле Јанакиески има поднесено претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права, до Коалиција „Сите за правично судење“ и до Македонско здружение на млади правници и повторно се жали на тоа дека не можел соодветно да ја подготви својата одбрана поради должината на судските рочишта.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.

– Сите ќе го известиме писмено дека ние не можеме да ја менуваме мерката притвор. Не можеме да му укажуваме на судијата, ниту да менуваме било какво судско решение – информира Пировска.

На новинарско прашање за двајцата обвинети за настаните од 27 април, Пировска информира дека кај нив е поднесена претставка за која, како што рече, е дадена гаранција, но повторно судијата утврди мерка притвор, а гаранцијата не им е вратена.

– Ние веднаш доставивме допис до Основниот суд Скопје 1 – Скопје во кој укажуваме на овие процедурални процеси кои за нас се несфатливи. Може или едното или другото да биде случај, не може и двете работи. Ако Кривичниот совет сметал дека треба да издржуваат мерка притвор тогаш треба да биде најден начин да им се врати гаранцијата. Сметам дека тоа е итно, потребно да се направи – изјави Пировска.

Се работи за началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски кои се осудени на 15 години затворска казна.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули

Редакција

Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ доби нов претседател, избрани и советници на Мицкоски

Редакција

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција