еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Минатата недела 20 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од Охрид, 5

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека се пријавени 20 смртни случаи од Ковид-19 со датум на смрт во текот на изминатата недела (15- 21.08.2022 година), идентично како минатата недела.

„Најголем број од починатите се од Охрид (5), а пријавени се и 4 смртни случаи од Скопје, по 2 од Велес, Струга и Куманово и по еден смртен случај од Струмица, Прилеп, Пробиштип, Штип и Гостивар.

Во однос на возрасната група 18 починати се над 60 години и по еден од возрасните групи 50-59 и 40-49 години.

Деветнаесет од пријавените случаи се починати во болнички услови и кај 19 се регистрирани коморбидитети“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минатата недела намалување од 22,7% на бројот на случаи со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушани двајца сведоци за „ТНТ“, судењето продолжува на 15 октомври

Редакција

Верските лидери со апел до граѓаните да се почитуваат мерките: Сега е време кога секој човек мора да покаже грижа

Редакција

До кога Рикер, Хан и други ќе мора да бидат дадилки на македонските политичари?

Редакција