еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Минатиот јули историски најтопол досега

Изминатиот јули беше најтоплиот јули забележан на Земјата, потврди денеска Климатската опсерваторија на Европската унија.

Обележан со топлотни бранови и пожари ширум светот, изминатиот месец беше за 0,33 степени Целзиусови повисок од рекордот поставен во јули 2019 година, кога просечната температура на планетата беше 16,63 степени Целзиусови.

Месецот беше за 0,72 степени потопол од просекот за јули 1991-2020 година, наведоа од Климатската опсерваторија на ЕУ.

– Топлотни бранови се забележани во повеќе региони на северната хемисфера, вклучително и јужна Европа. Надпросечни температури се случија во неколку јужноамерикански земји и околу поголемиот дел од Антарктикот, соопшти климатската опсерваторија на ЕУ, Коперникус.

Глобалниот просек за 2023 година е трет највисок рекорд, со 0,43 степени во периодот 1991-2020 година, во споредба со 0,49 степени за 2016 година и 0,48 степени за 2020-та.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

16-годишник без возачка дозвола со „БМВ Х6“ го прегазил лекарот Ѓорги Јота кој се здобил со тешки телесни повреди

Редакција

Скопски Аеродром има најмногу жители и најмладо население, во Македонија 205 населени места се празни

Редакција

Тримесечното бебе починало од крварање во главата: Скопјанец до смрт го претепал синот

Редакција