еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерката за култура Ирена Стефоска во самоизолација, член на кабинетот позитивен на Kовид-19

Министерката за култура Ирена Стефоска информираше дека е во самоизолација, бидејќи член на нејзиниот кабиент е позитивен на Ковид-19.

„Ве известувам дека член од мојот кабинет е позитивен на Ковид-19 и согласно протоколите, од денес сум во самоизлоација. Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи.

Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки.

Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места.

На оние кои се борат со Ковид-19 им посакувам побрзо опоравување, да останат силни и истрајни. Почитувајте ги мерките, се гледаме наскоро!“ напиша таа на нејзиниот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук/Стефоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ноември помалку одобренија за градба

Редакција

Во гаснењето на пожарите денеска ќе се вклучи и авионот Херкулес од Романија, носи водни бомби од повеќе од пет тона

Редакција

(Фото) „Лобираме за македонските интереси“: Со кој се сретна Мицкоски во Вашингтон

Редакција