еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот Сали ќе формира нова Комисија за заразни болести, ги повика докторите Даниловски, Пановски и Марковски да станат членови

Министерот за здравство Беким Сали преку објава на Фејсбук најави дека наскоро ќе формира нова Комисија за заразни болести и ги повика универзитетските професори Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да се приклучат како нејзини членови.

– Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба, наведува министерот Сали во објавата.

Тој потенцира дека непобитен факт е оти сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки.

– Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области.

Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа, додава Сали.

Министерот за здравство потенцира дека му е чест и задоволство јавно да го упата повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести.

– Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин! Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, додава министерот Сали во објавата на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Сали

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) 20 лица загинале во Доњецк во наводен напад на украинската војска

Редакција

Раст на индустриското производство од 1,1% на годишно ниво

Редакција

Обвинителката Русковска од здравствени причини го напушти рочиштето за насилството во Собрание

Редакција