еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Министерството за одбрана и општина Карпош најтранспарентни, најмалку информации се објавуваат за финансиите

Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините во 2021 година изнесува 63 проценти и е подобрена за пет процентни поени во однос на минатата година, покажува годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспаретност што го изработува Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Министерствата и Владата просечно објавуваат 79 проценти од потребните информации што е минимално зголемување во однос на ланските 77 проценти, додека кај општините петта година по ред се забележува помала транспаретност од министерствата. Општините објавуваат 60 проценти од потребните информации што е за 5,5 проценти поени повеќе во однос на лани.

За првпат сега две институции и тоа Министерството за одбрана и општина Карпош имаат максимални 100 проценти транспаретност, односно ги објавуваат сите предвидени информации.

Најмалку информации, министерствата објавуваат за финансиите, а општините за прашањата од нивната надлежност.

Од регионите, на прво место е Источниот регион со 74 проценти транспаретност, а последен е Скопскиот регион со 49 проценти.

Од Центарот за граѓански комуникации информираат дека општините одговориле во просек за 17 дена на барањата за слободен пристап до информации, а министерствата за 16 дена, додека 39 проценти од институциите одговориле подоцна од законски предвидениот рок.

Од годинава, активната транспарентност е претставена на специјално изработената веб-страница www.aktivnatransparentnost.mk со преглед на сите опфатени институции, но и на индивидуалните резултати за секоја институција од 2016 годинава наваму.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамки на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради голема материјална штета на патарината Кадрифаково во која удри камион, се пролонгира нејзиното пуштање во употреба

Редакција

(Видео) „Руските авиони не може да бидат соборени со митралези“: Зеленски побара оружје од НАТО и праша „што чекаат, поминаа 31 ден“

Редакција

(Видео) Доналд Трамп е уапсен

Редакција