еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерството за правда ги објави имињата на учесниците во работната група за уставните измени

Министерството за правда денеска ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени предложени од парламентарните политички партии и од институциите.

Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истече ноќеска на полноќ. 

Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партија на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партија за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократска партија на Турците, се предлозите од парламентарните политички партии за членови во работната група

Од институции се предложени Александар Спасов од Кабинет на претседателот, Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања и Шпенд Садики од Министерство за надворешни работи.

Од Министерството за правда велат дека експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава.

-Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, информираат од Министерството за правда. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ММФ ни предвидува минимален раст на БДП од 1,6%, Владата останува на проекцијата од 3,2%

Редакција

Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни, уверува Народна банка

Редакција

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 836 пациенти од Ковид-19

Редакција