Договорот со изведувачот „Интракат“ за новата штипска болница е раскинат на 29 јуни, информираат од Министерството за здравство.
Од таму информираат и дека е потребно да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Влада.
– Во рок од 42 дена треба да се достави „Проект на изведена состојба“, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка, се додава во соопштението.
Поднесени биле барања за активирање банкарски гаранции, во износ од шест милиони евра и тие се реализирани.
– Рокот за изградба бил 30 јуни 2023 година, а досега се реализирани само 30 отсто, се истакнува во соопштението.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.