еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Mitsubishi во Македонија, најдобар во Европа

Компанијата Мак Аутостар генерален дистрибутер на Mitsubishi во Македонија, е најдобриот дистрибутер во Европа, за 2020 година, информираат од таму.

Податоците се однесуваат според постигнатите резултати на учество во продажбата на локалниот пазар.

Со учество во продажбата на македонскиот пазар на нови возила со околу 2,7%, Mitsubishi исто така е еден од најпродаваните автомобилски брендови и во Македонија.

Веднаш зад Македонија, Mitsubishi најмногу се продава во Норвешка, Исланд, Финска, Германија, Шведска, итн.

Двата модела на Mitsubishi, ASX и Space Star, споредено со сите земји во Европа, најмногу се продавале токму во Македонија.

„Минатата година беше исклучително ризична поради пандемијата. Сепак многу податоци укажуваа дека ковид ситуацијата ќе биде долготрајна, што значеше и барање начини за намалување на притисокот врз економијјата.

Исто така, во Македонија пресудни беа и комплексните, социо-психолошки фактори на купувањето, што подоцна сето тоа се покажа како точно.

Воедно, би сакал да се заблагодарам на купувачите, бидејќи без нивната доверба, немаше да го постигнеме овој бизнис успех“, изјави директорот на Mitsubishi за Македонија, Владица Кокаловиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Една од тајните на успехот на Mercedes-Benz за најдобра автомобилска марка во светот – М-Класа

Редакција

Македонците од Германија ќе стипендираат студенти, формирана фондацијата за култура и наука „Вечна“

Редакција

Бимилк на „Генералка викенд“ –  вработените ја чистеа околината на Битола

Редакција