Триесет и четири годишен маж силувал 21-годишна девојка во Велес. Инцидентот, како што информираше СВР Велес се случил во вторникот вечерта околу 23:30 часот кај „Спомен Костурницата“.
Триесет и четири годишниот А.Т. со употреба на сила извршил обљуба над 21-годишна девојка, со која претходно се познавале.
Како што информираат од СВР Велес, бил известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.