На 19.07.2018 година во 13,40 часот во во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено Клио“ со скопски регистерски таблици управувано од М.М.(30) од Скопје и Мопед „Јијинг“ со скопски регистерски таблици управуван од Ј.А.(25) од Скопје, информира МВР.
Во незгодата со повреди се задобиле возачот и сопатничката на мопедот Н.И.(19) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде кај Ј.А. од страна на лекар биле констатирани телесни повреди додека кај Н.И. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.