еМагазин
Image default
Свет

ММФ: Ударот од корона вирусот посилен од глобалната криза од 2008 година

Повеќе од 90 земји побараа итна финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во пресрет на досега невидената пандемија на вирусот Ковид-19, нагласи вчера шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева.

„Сега сме во рецесија. Тоа е многу полошо од глобалната финансиска криза, пред една деценија“, додаде таа.

Георгиева додаде дека најтешко погодени се економиите во развој и растечките економии кои изгубиле скоро 90 милијарди американски долари.

ММФ е особено загрижен за пресвртот на неодамнешниот економски раст во африканските земји.

Георгиева објави дека ММФ ќе ја искористи својата резерва за вонредни состојби за да им помогне на погодените економии, вклучувајќи ги и африканските земји кои инаку би требало да избираат меѓу борбата против новиот коронавирус и хранењето на своето население.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика државите да го стопираат медицинското плаќање и да обезбедат бесплатно тестирање и здравствено осигурување за случаи на заразени со Ковид-19.

Шефот на СЗО објави дека донаторските земји веќе ветиле или платиле речиси 690 милиони американски долари за Планот за одговор на СЗО на Ковид-19, повеќе од бараните 675 милиони долари.

Бројот на случаи на инфекции со корона вирусот во светот надмина еден милион оваа недела, при што повеќе од 50.000 луѓе ги загубија животите.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трите најголеми стопански комори очекуваат повеќе од Владата за справување со кризата од корона вирусот

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Зошто Италија е толку погодена од кризата со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски најави можност за мировни преговори со Русија

Редакција

(Видео) Русија го промовира новиот беспилотен суперсоничен нуклеарен бомбардер

Редакција

Годинава во светот нема да се постигне колективен имунитет од коронавирусот

Редакција