еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да се избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција, препорачува МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција и да останат на сигурно се до евентуална евакуација и посочува дека според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денеска еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.

Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел давање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја, велат од МНР.

На располагање се, додаваат, СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирувачки снимки од Скијатос по бурата која ја погоди Грција, островот е без струја и вода

(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето кое го погоди Волос во Грција

(Видео+фото) Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Голема бројка од 95 оздравени пациенти од корона вирусот, вкупно 945

Редакција

Досега само 25% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Редакција

Од Дрисла ги обвинија градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода дека направиле кривично дело откако го оставија ѓубрето пред портите на депонијата

Редакција