еМагазин
Свет

Модерна ќе го зголеми производството на вакцини против Ковид-19

Американската фармацевтска компанија Модерна, која произведува една од одобрените вакцини против коронавирусот, предлага да се зголеми содржината на лекот во секоја ампула на еден и пол пати, изјави претседателот на компанијата Стивен Хог.

Според Хог, производството на вакцини во моментов се забавува поради ограничувањата на количината на дози на вакцини по шишенце.

– Со оглед на тоа што компанијата се приближува до производство на еден милион дози на ден, предлагаме да додадеме повеќе лекови во ампулите за да ги отстраниме пречките во производството со зголемување на дозата на 15 дози наместо сегашните 10, рече претседателот на Модерна.

Хог нагласи дека оваа иницијатива бара одобрување од раководството на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) при Министерството за здравство на САД. Минатиот петок, Си-Ен-Би-Си јави дека Модерна го испратила предлогот до супервизорот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Катаклизма во Австралија: Бури со град како орев, поплави, пожари и суша

Редакција

Папата Франциск: Родителите да не ги осудуваат своите деца припадници на ЛГБТИК заедницата, туку да им пружат поддршка

Редакција

Во шведските и дански води забележано истекување на гас од цевководите на Северен поток

Редакција