еМагазин
Image default
Македонија

Могерини: Би било добро во јуни да има почеток за преговори со Северна Македонија и Албанија

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, на прес-конференцијата по денешниот Совет за надворешни работи, рече дека посакува Северна Македонија да добие почеток на преговори во јуни ако се исполнат реформите.

„Ова претставува позитивен чекор кој ќе има влијание врз отворањето преговори, но не е единствен елемент, и тоа нашите пријатели во Северна Македонија го знаат, дека фокусот на реформската агенда е исто толку круцијален како договорот, но јас видов голема одлучност за реформската агенда и добив уверувања кога се сретнав со премиерот Заев како и со министрите за надворешни и за одбрана, рекоа дека ќе го задржат фокусот“, рече Могерини.

Таа додаде дека “би било добро да се има почеток на преговори не само со Северна Македонија, но и со Албанија во јуни“.

Шефицата на европската дипломатија рече дека денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ започнал со аплауз од сите присутни за Преспанскиот договор, што, како што рече Могерини, “не е вообичаен начин на започнување на Советот за надворешни работи“.

„Изразивме задоволство за лидерите како и за народите на двете земји“, рече таа.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски во Мадрид се сретна со Шолц, разговарале за ЕУ, НАТО, Западен Балкан, војната во Украина

Редакција

Грчкиот Врховен суд реагира за употребата на името Република Македонија

Редакција

Летово ќе се прави скрининг по возрасни групи за да се процени имунитетот на повозрасните, децата, работниците…

Редакција