еМагазин
Image default
Локално

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на клиника во Скопје.

Д-р Ратко Грков од Итната медицинска помош во Кавадарци за МИА потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било пренесено во Болницата во Кавадарци.

Како што изјави д-р Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, ноќеска после полноќ било донесено момче родено 1994 година.

-Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри.

Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Клиниката за торакална хирургија во Скопје, рече Митев за МИА.

Во врска со овој случај, две лица се повикани на разговор.

-Рано изутринава, во 00.10 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улицата „Браќа Џунови” и „7-ми Септември во Кавадарци”, кај фонтаната, имало повредено лице со убодни рани. По извршени проверки е констатирано дека станува збор за К.М. (28) од Кавадарци, рекоа од МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекција во градинката во Шуто Оризари, каде што беше повредено 11-месечното бебе

Редакција

Вооружени разбојници ја ограбиле „Халк банка“ на Качанички пат

Редакција

Скопјанец превртувал маси и се заканувал во ноќен клуб на улица Јордан Мијалков

Редакција