еМагазин
Локално

Момче влегло во Вардар да се разлади кај демиркаписко Бистренци и не се вратило, се трага по него

Дваесет и едногодишно момче од демиркапиското село Бистренци вчера влегло во водите на реката Вардар околу 14 часот, да се разлади додека ги напасувало своите говеда, но досега не е вратено дома, па најблиските и соселани ноќеска и утрово го бараат покрај Вардар и во реката.

– Најверојатно е удавено, не знаело да плива. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина, синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо, сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот. Алиштата и телефонот му се најдени покрај реката, изјавија за МИА жители на селото.

Тие велат дека случајот е пријавен во полиција. Ноќеска на терен биле и полицајците, цела ноќ од нив имало дежурни на терен.

– И сега има полицајци, се чека јавен обвинител и инспектор. Треба да дојдат нуркачи, додаваат жителите на селото.

Од општина Демир Капија го потврдија случајот за МИА и рекоа дека интензивно се трага по момчето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возило во Струмичко излетало на длабочина од пет метри, две лица останале неповредени

Редакција

Момче почина од пожар во Тетово

Редакција

14-годишно дете и двајца возрасни пронајдени мртви во импровизиран верски објект во неготинско

Редакција