еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МОН ќе предложи забрана на користење на Тик Ток во училиштата

Македонското министерство за образование (МОН) ќе предложи на владина седница да се направи итна проценка на состојбите и безбедносните ризици кои се потхрануваат од одредени социјални мрежи како ТикТок.

Причина за тоа се случувањата во соседна Србија со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина, информира министерот за образование Јетон Шаќири.

„Тие социјални мрежи не треба да се користат во училишна средина“, изјави министерот Шаќири.

МОН изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, за да се намалат ризиците.

„Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот“, изјави Шаќири.

Министерството соопшти дека веќе се прават консултации со експерти од неколку институции и факултети за да се зајакнат превентивните програми за борба против булингот и насилството.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Орбан, му изразил загриженост за криминалите и скандалите на Владата на Заев

Редакција

(Видео) Пратеникот на СДСМ, Каевски си игра игрици на телефон за време на Собраниска комисија

Редакција

Министерство за финансии ќе ја испитува оправданоста на поскапувањето на осигурувањето при регистрација

Редакција