еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Москва: Не планираме да го убиеме Зеленски

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги отфрли претпоставките дека руските власти сакаат да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Бета.

– Не, тоа не е вистина, одговори Песков во интервју за францускиот канал ЛЦИ, на прашањето дали руската страна има планови да го убие Зеленски, пренесува Комерсант.

– Тој е претседател на Украина, ние сме заинтересирани тој да се согласи со условите на Русија, за кои детално го извести руската делегација, појасни Песков.

Според неговите зборови, Русија е заинтересирана низ преговори „да стави точка на воената операција“, како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина.

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подолјак, претходно соопшти дека имало над 10 обиди да се убие Зеленски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тојота Авто-Центар“ го доби тендерот на Град Скопје за набавка на автомобили вреден 102.000 евра

Редакција

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Редакција

Макпетрол во ноември ќе ја намали цената на гасот за 500 евра

Редакција