еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Москва сака да избегне интервенција во Молдавија, велат од руското МНР

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва сака да го избегне сценариото и да интервенира во самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду вчера свика седница на Врховниот совет за безбедност поради инцидентите што се случија во самопрогласениот регион Придњестровје.

Во селото Мајак, областа Григориопол вчера одекнаа две експлозии, при што беа онеспособени двете најсилни антени на радио центарот кој емитува руска радиопрограма.

Во инцидентот нема повредени луѓе.

Додека украинското Министерство за надворешни работи коментирајќи ги експлозиите истакна дека Русија се обидува да го вовлече регионот во војна против Украина. Во соопштението се наведува дека Украина го поддржува територијалниот интегритет на Молдавија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Експлозии во самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија: Ќе се прелеe ли украинската војна

Ќе ја нападне ли и Молдавија: Кои се главните четири воени цели на Русија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кината, театрите, балетот ќе работат со 30 отсто од капацитетот на салите

Редакција

Каков имот пријавила Анита Бошковска, која е избрана за судијка во Врховниот суд

Редакција

СЗО разработи четири можни причини за потеклото на Ковид-19 – трговијата со диви животни е најприфатливата

Редакција